Организацијата Центар зa младински иницијативи од Крива Паланка, како дел од проектот Академија за проектен менаџмент (Project management academy), организираше дводневна работилница за зголемување на капацитетите на која млади луѓе од Крива Паланка имаа можност да ги научат основните вештини за решавање на локални проблеми преку проекти.
На обуката учевствуваа 21 млади на возраст од 16-30 години.
Поконкретно, она што младите го напраавија на обуката беше тоа што младите направија мапирање на заедницата со цел да се запознаат со клучните луѓе во средината кои можат на некој начин да им помогнат како и какви се можности им се на располагање.
Изработката на SWOT анализа им помогна да сватат кои се јаките и слабите страни на младите луѓе како и кои се нивните можности и закани како надворешни фактори по што се премина на индетификување на тоа што е тоа што на младите им треба за кое бенефит ќе имаат и тие и самото општество.
Се дојде до идеја дека на младите во Крива Паланка им треба социјален живот, вклучувајки и најразлични обуки од сверата на неформалното образование како и поголем број на работни места со цел да се задржат младите во средината во која живеат после што се премина на разработка на проекти за овие два проблема.
На крајот младите имаа шанса да разберат за програмата на европската унија, Ерасмус + и можностите кои им се нудат во делот на неформалната едукација.