Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби

Здружението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК Крива Паланка, е во фаза на реализација на проектот „Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби“. Проектот е финансиран и се имплементира како подгрант во рамки на проектот „Силни граѓански организации за позитивни социјални промени “ спроведен од Фондација за развој на локалната заедница, Институт за развој на заедницата и Центар за одржлив развој Алка, финансиран од страна на Европската Унија.
Општа цел на проектот е поттикнување на младински активизам и активно учество на младите во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.
Специфични цели на проектот се:

  • Да се детектираат потребите на младите од општина Крива Паланка и можностите за нивно активно вклучување во опшественото живеење
  • Да се развие стратешки документ на младите од општина Крива Паланка за нивно директно вклучување во процесот на донесување на одлуки на локално ниво

Целни групи се: Младите од локалната заедница во Крива Паланка

Општина Крива Паланка, Младински совет на општината и младински организации и дејци на локално ниво.

Со имплементација на проектот очекуваме да се креира стратешки документ за младински потреби и прашања, врз база на сеопфатна анализа преку анкетни прашалници, но и преку работилници со учество на релевантни чинители, кој ќе биде појдовна основа за понатамошни проекти и активности за унапредување на состојбата на младите. На подолг рок очекуваме зголемена активност на младинскиот совет, но и младинските организации, во врска со учеството на локалните млади во креирање на политики и донесувањето на одлуки на локално ниво. Очекуваме реално зголемен број на проекти и активности од страна на младите со цел подобрување на нивниот квалитет на локално живеење. Стратегијата како платформа со дефинираните проекти , исто така ќе даде и рамка за делување на самата општина, но и другите јавни институции кои во делот на својата работа ќе внесат голем дел од активностите и препораките со стратегијата за подобрување на состојбата на младите.

Партнер во проектот е Здружение за поддршка и развој на бизнисот и претприемаштвото БИЗНИС КЛУБ Крива Паланка.

Вкупниот буџет за спроведување на активностите е 277,400.00 денари, а времетраењето за реализација на проектните активности е пет месеци од 15.10.2018 до 15.03.2019 година.