Чекор поблиску

Проектот „Чекор поблиску“ има за цел изработка на анализа за состојбата и потребите на младите во Крива Паланка во насока да се обезбеди појдовна основа преку која понатаму ќе може да се креираат стратешки документи и ќе се планираат следни активности поврзани со млади на локално ниво. Истиот е финансиран од општина Крива Паланка преку повикот за здруженија и фондации за 2018 година и се реализира во периодот од април 2018 до октомври 2018 година.