Работилници за изготвување на Нацрт стратегијата за млади на Општина Крива Паланка

Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК како дел од проектот „Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби“  организира работилници со млади од општината и претставници на младинскиот совет, локални засегнати страни и институции со цел изработка на стратешки документ (Нацрт стратегија за млади на општина Крива Паланка). Во досега одржаните три работилници се направи анализа на засегнатите страни, се изработија свот и пест анализа и се дефинираа приоритетни области за делување. Во следните денови се очекува да финализира анализата на спроведениот анкетен прашпалник со преку 300 испитаници, а добиените резултати заедно со досега сработеното да бидат презентирани пред учесниците , да се дадат насоки со соодветни предлози,проекти, идеи и да дефинира конечната рамка на нацрт стратегијата.