Младите и образованието во време на коронавирус

Центарот за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка, во соработка со НВО Инфоцентарoт, на 23 декември 2020 година, на платформата ЗУМ ја организираше онлајн дискусијата „Младите и образованието во време на коронавирус”.

На дебатата, претставници од повеќе локални институции, Општината, училиштата, Советот на родители, млади и активисти дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат сите учесници во образовниот процес, но со посебен фокус на децата и младите односно на учениците и студентите од Крива Паланка. Учесниците разменија искуства за добрите и лошите страни на досегашниот тек на образовниот процес, како и предлози за подобрување на наставата во услови на пандемија.

Градоначалникот Борјанчо Мицевски посочи дека општината прави напори за што поефикасно справување со предизвиците на далечинското учење наметнато од пандемијата.

  • Регистрирано е дека во онлаjн наставата не можат да се вклучи 31 ученик. Правиме напори да се обезбеди интернет конекција, како и ИТ опрема за овие ученици и веќе имаме одредени резултати. Во меѓувреме му даваме поддршка на образованието и преку стипендии, обезбедување на образовни асистенти за лицата со попреченост и други форми, – истакна градоначалникот Мицевски.

Претставниците на училиштата укажаа на тоа дека за сите деца што не можат да следат онлајн настава се приготвуваат посебни наставни лекции, а се обезбедени и тутори за помош на учениците и нивните родители.

Овој настан се реализираше во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“м поддржан од меѓународниот центар „Улоф Палме“ од Шведска.