Едукација за комуникација

Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК, во изминативе четири месеци ги реализира активностите од проектот „Едукација за комуникација“. Проектот е финансиски подржан преку повикот за здруженија и фондации за 2019 година од страна на Општина Крива Паланка. Во рамките на овој проект согласно предвидените активности, се реализираа три работилници за комуникација и комуникациски вештини за млади лица од општината, а имаа за цел подобрување и надоградба на нивните лични и професионални капацитети и комуникациски способности. Покрај работилниците се одржа и неформална средба на младите и лица кои работат со или во областа на комуникација, за споделување и размена на искуства, добивање практични совети.